Де Лигт: Секогаш сакав да бидам Кристијано Роналдо, дури мојот прв дрес од детството беше од него


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холандскиот дефанзивец Матијс Де Лигт во наредните денови треба да соопшти каде ќе ја продолжи својата кариера.

Де Лигт привлече интерес од страна на европските великани со одличните игри во Ајакс.

Сите очекуваа дека ќе потпише веднаш со Барселона, но тоа не се случи, а во трката се вклучи и Јувентус.

Италијанските медиуми веќе неколку дена пишуваат за тоа дека Де Лигт сигурно ќе потпише за Старата Дама.

На некој начин потврда за тоа даде и Де Лигт во изјава за холандските медиуми. Тој откри дека од мали нозе му е идол Кристијано Роналдо, и дека секогаш сакал да биде како него.

„Се се одвива некако пребрзо. Во текот на сезоната во клубот игравме неколку натпреварувања и немав време да размислам за се. Сега кога бев со пријателите од детството на вечера, зборувавме за се“.

„Дојдовме до заклучок дека секогаш сум сакал да бидам Кристијано Роналдо кога како деца си игравме фудбал. Посебно додека играше во Манчестер Јунајтед. Дури и мојот прв дрес беше од Роналдо. Таа вечера беше веднаш после натпреварот против Јувентус во ЛШ кога се сретнав со Роналдо“, рече Де Лигт.

Меѓутоа сеуште никој од клубовите нема соопштено ништо, а знаејќи како стојат работите во фудбалот може да се случи и Де Лигт да заврши и во Барселона или некој трет клуб.