Милан суспендиран од Лига Европа: Позната е и неговата замена!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Милан преку Серија А обезбедија пласман во Лига Европа, но Арбитражниот суд за спорт ги суспендираше и тоа откако „росонерите“ постигнаа договор со УЕФА поради кршење на финансискиот фер-плеј.

„Росонерите“ се исклучени од натпреварувањето поради кршење на финансискиот фер-плеј во сезоната 2015/16 и во период меѓу сезоните 2016/17 и 2017/18.

На крајот тие се договорија со УЕФА да бидат исклучени од натпреварувањето, а наместо нив следната сезона ќе игра Торино, кој преку квалификации ќе бара пласман во групната фаза.

Да потсетиме, Милан летово го смени и тренерот, па сега клубот го предводи Марко Џанпаоло. Главна цел на клубот од „Сан Сиро“ ќе биде враќање во Лигата на шампиони, во која Милан нема играно одамна.