Леклер ја освои пол-позицијата и постави нов рекорд на патеката во Австрија (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Полскиот возач Шарл Леклерс ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Австрија.

Леклер стигна до втората пол-позиција во кариерата, но со времето од 1:03.003 постави нов рекорд на патеката.

Зад него заврши Луис Хамилтон во Мерцедес од 1:03.262, а третопласиран во квалификациите заврши Макс Ферстапен од Ред Бул рејсинг од 1:03.439.

Потоа следуваа Валтери Ботас, Кевин Магнусен, Ландо Норис, Кими Раиконен, Антонио Џовинаци, Пјер Гасли и на десеттото место Себастијан Фетел.

Трката за Големата награда на Австраија се вози во недела од 15.10 часот.