Лампард е на праг до Челси, а то го потврди и – Дерби! (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Долго време траат шпекулациите за нов тренер на Челси, а како главен кандидат се споменува името на Френк Лампард, кој веќе ги почна преговорите.

Лампард е легенда на Челси и голем миленик на навивачите, па тие сакаат да се врати Англичанецот на „Стемфорд бриџ“.

Англичанецот минатата сезона го водеше тимот на Дерби каунти, па така го привлече вниманието на јавноста, а очигледно ќе добие голема шанса да го покажа целиот свој талент.

Преговорите меѓу Лампард и Челси се во тек, а очигледно тие се во завршна фаза, а тоа го потврдува и најновата објава на Дерби, кој го ослободи Англичанецот од тренинг за да може да ги заврши преговорите.