Вардар ги освои навивачите во Европа: „Црвено-црните“ во топ-10 најпопуларни клубови (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вардар ги освои срцата на навивачите ширум Европа, откако ја освои Лигата на шампиони по вторпат во својата историја, иако уште пред стартот на натпреварувањето беа отпишувани, зашто се наоѓаа во големи финансиски проблеми.

„Црвено-црните“ покажаа карактер и ги победија и најголемите песимисти, па се искачија на врвот на Европа и станаа хит меѓу фановите.

На социјалните мрежи се појави статистика, која ги рангира клубовите според популарност (Фејсбук, Твитер, Инстаграм), па така Вардар се наоѓа на деветтото место со 184.008 фанови, додека лидер е Барселона со речиси пет милиони фанови.