Поранешен играч на Баерн потпиша за второлигаш од Кипар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот играч на Баерн и репрезентативец на Хрватска, Даниел Прањиќ потпиша за Авиа Напа ФК.

Се работи за кипарски второлигаш, кој минатата сезона заврши на 4. место, а Прањиќ во овој клуб стигна како слободен играч откако две години помина во Анартосис.

37-годишниот Хрват во својата кариера помеѓу останатите играше за Динамо, Херенвен, Баерн, Спортинг, Селта, Панатинаикос, Копер и Анартосис.

За репрезентацијата на Хрватска одигра 58 натпревари и постигна еден гол. Со Баерн во 2010. година ја освои двојката круна, а беше и во финалето на ЛШ.