Кутињо заминува од Барселона: Бразилецот си договори нов трансфер!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона планира да го ангажира Нејмар на „Камп Ноу“, односно да го врати од ПСЖ, а тоа ќе се обиде да го направи со помош на Филипе Кутињо, кој се покажа како големо промашување по пристигнувањето од Ливерпул.

Каталонците сакаат да го понудат Кутињо плус одредена сума пари за трансферот на Нејмар, а наводно бразилскиот фудбалер од редовите на Барселона се договорил за трансфер во Париз.

Кутињо ќе заработува неверојатни20 милиони евра во редовите на францускиот клуб, а Каталонците го понудиле него плус 70 милиони евра за услугите на Нејмар.

Францускиот гигант така ги решава проблемите во средниот ред, а притоа ќе се ослободи од Нејмар, кој повеќе пати го покажа своето незадоволство во Париз.