Френк Лампард го превзеде Челси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После десетина дена преговори, Френк Лампард конечно седна на клупата на Челси.

Еден од најдобрите играчи на овој клуб, се враќа на Стемфорд Бриџ, а потпиша тригодишен договор.

„Горд сум што се вратив во својот клуб како тренер. Сите знаат колкава е мојата љубов спрема овој клуб, како и историјата која ја делиме“, рече Лампард, па додаде:

„Мој фокус е сезоната што е пред нас. Тука сум да работиме напорно и донесам успех во иднината на овој клуб. Едвај чекам за започнам со работа“, изјави Лампард за официјалната страница на Челси.

Лампард во Челси помина 13 години како играч, каде што стана и легенда на клубот, но и најдобар стрелец.

Сега се враќа во улогата на тренер и сите се убедени дека ова е вистински погодок на управата на клубот.