Ѓоковиќ од трибините доби неморална понуда на која вечно ќе се сеќава


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ успешно прескокна уште една препрека на Вимболдон.

Имено, Ѓоковиќ беше подобар во мечот од второто коло против Денис Кудле, а во текот на мечот доби несекојдневна понуда од трибините.

Еден присутен гледач нешто му дофрлил, а тој само се насмеал, а подоцна откри за што се работело.

„Јас го прашав и тогаш тој ми потврди. Тој рече, „можеш ли да ми направиш дете?“. Јас го прашав, „навистина ме прашуваш такво нешто?“. Тогаш тој се засрами. Навистина не знам што би искоментирал на сето тоа“, јасен беше Ноле.

Ѓоковиќ против Кудле славеше со 6:3, 6:2 и 6:2, а за победата му требаа повеќе од 1 ипол час. Во третото коло ќе игра против Полјакот Хуберт Хуркач.