Кирјос повторно прави глупости: Со згодни девојки се забавуваше во паб пред мечот против Надал! (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Контроверзниот тенисер Ник Кирјос го очекува меч со Рафаел Надал во второто коло на Вимблдон, но наместо на тенискиот терен, тој се подготвуваше за средбата во паб со неколку згодни девојки.

Англиските медиуми пишуваат дека Австралиецот повторно продолжува со глупостите, па не се фокусира на тенисот, туку на забава со девојки.

Тоа го коментираше и новинарот Мигел Сибра, кој напиша на Твитер дека „наздравил“ со Кирјос.

„Само што наздравив со Кирјос во паб. Тој е опуштен, се смее со пријателите и се забавува со девојките, па не се грижи многу за мечот против Надал“, открива новинарот.