Лампард не чекаше долго на прашање за Канте


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челси денес официјално го претстави својот но шеф на стручен штаб. Се работи за една од најголемите легенди на клубот, Френк Лампард.

Откако добро му одеше со неговата работа во Дерби, Лампард доби шанса за враќање на Стемфрод Бриџ, овој пат во улогата на тренер, а денес со Плавите потпиша тригодишен договор.

Лампард на клупата на Челси го замени Маурицио Сари, кој после само една сезона го напушти Лондон и го превзеде кормилото на тимот на Јуве.

Она поради што најмногу му замеруваа навивачите на Челси на Сари беше начинот и позицијата на која го користеше нивниот миленик Н’Голо Канте.

Канте Беше фантастичен во шампионската сезона под Конте, но со доаѓањето на Сари, одличниот француски везен се „изгуби.

Поради тоа едно од прашањата на новинарите за новиот тренер беше токму за Канте.

Знаете ли на која позиција ќе го користите Н’Голо?

„Да, за среќа, знам … Нема да седам овде сега и да зборувам за тоа како ќе изгледаме следната сезона, бидејќи утре почнуваме со припремите“, изјави Лампард, па продолжи:

„И пред тоа јавно говорев. Канте е еден од најдобрите везни играчи во светот. Неговите изведби во последните неколку години беа фантастични. Една од добрите работи во добивате на оваа работа е можноста да работам со квалитетни играчи како него“.

„Моја работа е да ја пронајдам најдобрата позиција за него, за да го добијам најдоброто за тимот“, додаде Лампард.