ПСЖ го објави трансферот на миленикот на фановите на Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на ПСЖ денеска го потврдија трансферот на Андер Ерера кој во Париз пристигнува како слободен фудбалер.

Шпанскиот играч од средниот ред со францускиот шампион се обврза на договор со траење од пет години кој ќе заврши на 30 јуни 2024 година.

29 годишниот Андер Ерера во кариерата освен за Манчестер Јунајтед играше и за Сарагоса и Атлетик Билбао.