На Мурињо му истекува времето – кои се неговите опции?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо и понатаму е без ангажман, а пред неколку месеци тврдеше дека во јуни без проблем ќе најде нов клуб, иако тоа не е толку лесно колку што мислеше.

Мурињо се поврзуваше со ПСЖ и Интер, наводно го одбил и Њукасл, а претходно не сакаше да се пресели во Бенфика, па и самиот призна дека одбил уште три-четири понуди.

Во моментов времето го поминува на Вимблдон и го гледа Рафаел Надал, а на прашањата на новинарите што ќе прави со неговата кариера, Мурињо кажа дека ја чека вистинската понуда, а во иднина би можел лесно да работи во Серија А.

Најверојатно Португалецот ќе чека подолго од што е навикнат, тој пред неколку недели кажа дека го интересира клуб со амбиции, кој ќе брка трофеи, па останува да видиме каде ќе ја продолжи кариерата.