Лејкерс ангажираат искусен кошаркар на Торонто


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американските медиуми пишуваат дека бекот Дени Грин ќе стане нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс.

Грин стана слободен кошаркар на крајот на сезоната, во која со Торонто репторс ја освои историската титула.

Иако се шпекулираше дека кариерата би можел да ја продолжи во Лос Анџелес Клиперс или Далас Маверикс, сепак на крајот тој реши да потпише за Лејкерс.

Според американските медиуми, Грин добил договор на две години вреден 30 милиони долари.

Искусниот кошаркар во просек постигнуваше по 10,3 поени и четири скокови за Торонто минатата сезона, која беше вкупно десетта во најсилната лига во светот.