Меси одби да си го земе медалот: Копа Америка е срамна, сè е наместено!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Аргентина синоќа во мечот за третото место на Копа Америка успеа да слави против Чиле со 2-1, иако од 37. минута играа без Лионел Меси, кој заработи директен црвен картон.

Меси, како и Гери Медел, заработија црвени картони. Тоа за Аргентинецот беше втор во кариерата, но и без него Аргентина успеа да го реши мечот во своја корист и го освои бронзениот медал, кој Меси одби да го земе.

„Мислам дека добив црвен картон поради своите зборови за судиите на првенството. Ова е навистина срамно. Нема да го земам медалот за третопласиран тим, зашто не сакам да бидеме дел од корупција“, порача Аргентинецот.

Во финалето на Копа Америка ќе играат Бразил и Перу.