Гризман не се појави на прозивката на Атлетико Мадрид: „Имам уште неколку дена одмор“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Антоан Гризман во наредните денови треба официјално да стане нов фудбалер на Барселона.

Гризман уште пред неколку месеци потврди дека ова лето го напушта Атлетико Мадрид, а дека во овој клуб го „пречкртаа“ говори фактот дека Жоао Феликс го доби неговиот број седум.

Меѓутоа, Барселона сеуште ја нема активирано откупната клаузула од 120 милиони евра поради што од Атлетико порачаа дека го очекуваат Гризман на припремите за новата сезона.

Сепак, Гризман порача дека нема да се појави бидејќи нема смисла да го направи тоа кога веќе се опрости од своите играчи. Иако од мадридскиот клуб порачаа дека ќе биде казнет бидејќи сеуште е игран на Атлетико, тој тоа не го сфати сериозно.

Каталонски Спорт утрово објави дека Гризман вчера не се појавил на прозивката во Атлетико Мадрид и порачал Барселона што побрзо да ја заврши оваа трансфер сага. Тој порача дека има право сеуште на одмор и дека нема обврска да доаѓа на тренинзите на Атлетико на почетокот од припремите.

Тој во четврток би требало да допатува во Барселона на лекарски прегледи и да го потпише договорот, а во петок официјално би требало да биде преставен на Камп Ноу.