Нејмар не се појави на тренингот, од ПСЖ испратија официјално соопштение


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот интернационалец од редовите на ПСЖ, Нејмар не се појавил на претсезонските подготовки на клубот.

Од таборот на францускиот шампион веднаш се огласија со соопштение со кое потврдија дека Бразилецот го пропуштил тренингот.

„Овој понеделник, на 8ми јули, Нејмар да Силва Сантос Јуниор имаше обврска да се појави за да започнат активностите со првиот тим на ПСЖ. Клубот може да потврди дека Нејмар не се појави на договореното место во закажаното време иако немаше одобрение од клубот. ПСЖ го осудува ваквото однесување и жали поради оваа ситуација и ќе преземе предвидени мерки“ –стоеше во  соопштението на ПСЖ.