Шкендија со минимална победа се враќа од гостувањето во Естонија (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Шкендија славеше минимална победа од 1:0 во првиот натпревар од квалификациите против естонскиот претставник Номе Калју.

Нашиот претставник ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар, а единствениот погодок го постигна доцна, во последните десетина минути.

Стрелец на погодокот кој и носи голема предност на Шкендија пред реваншот во Скопје беше Агим Ибраими кој погоди од белата точка.

Тетовските црвено црни во следното коло ќе се соочат со подобриот од двомечот меѓу Сараево и Селтик. Во моментов резултатот на овој натпревар е 1:1.