НБА лигата воведе занимливо правило


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


НБА лигата воведе занимливо правило од сезоната 2019/20.

Челниците на најсилната кошаркарска лига во светот одлучија од новата сезона тренерите да добијат можност за challenge на натпреварите, баш како што имаат и тренерите во американскиот фудбал (НФЛ).

Тренерите ќе имаат можност да побараат challenge еднаш на натпреварот. Можат да пробаат да ја оспорат судиската одлука доколку сметаат дека е погрешна, но ќе можат да го користат само ако имаат на располагање тајм-аут.

Ова правило сосем сигурно ќе доведе одреден напредок, посебно бидејќи во изминатите години судиите правеа огромен број на грешки во клучните моменти од натпреварите.

НБА лигата смета дека воведувањето на challenge додатно ќе ја унапреди играта.

Ова се само дел од грешките кои ги направија судиите во изминатата сезона.