Плановите на Борусија паѓаат во вода: Баерн го сака Марио Манџукиќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот напаѓач не е во плановите на Сари во Јувентус, па од клубот му дале до знаење дека Манџукиќ може да си побара нова средина.

Борусија Дортмунд е заинтересирана за него, а Јуве ја одреди цената и таа изнесува 15 милиони евра.

Спорт Билд неодамна пишуваше за интересот на Милионерите, а сега истиот медиум пишува дена исто така Баерн Минхен се заинтересирани за Марио Манџукиќ.

Според нивните информации Манџукиќ би бил замена за Роберт Левандовски, но би можел да игра на позицијата крило, што не му е непознато, со оглед на тоа што таа улога ја имаше во Јувентус под водство на Алегри

Баерн се во потрага по засилувања, посебно на позицијата крило, а Манџукиќ наводно е еден од посериозните кандидати.

Тој претходно играше во Баерн од 2012. до 2014. година и во тој период постигна 48 голови за баварскио клуб. Со Баерн освои две титули првак во Бундеслигата, германскиот Куп и европскиот Суперкуп, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.