Ленард потпиша тригодишен договор со Клиперс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американскиот кошаркар Каваи Ленард, минатогодишниот МВП во НБА-лигата, официјално потпиша тригодишен договор со Лос Анџелес клиперс вреден 103 милиони долари.

Ленард го напушти Торонто по освојувањето на шампионската титула, која беше прва во историјата на франшизата и ги избра Клиперс пред понудите на Репторс, Лос Анџелес лејкерс и Њујорк.

Во соработка со клубот од Калифорнија ќе има опција да го продолжи договорот на уште една година по завршувањето.

Инаку, Ленард имаше големо влијание за да можат Клиперс да донесат уште една ѕвезда, а тоа е доскорешниот кошаркар на Оклахома, Пол Џорџ, со кој би требало да го предводат тимот во следната сезона.