Реал Мадрид продава шест фудбалери за да го купи Погба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид не успеа да го купи Пол Погба, за кој најверојатно ќе плати 150 милиони евра, но веќе на пет засилувања потроши рекордни 303 милиони евра.

За Еден Азар беше платено 100 милиони евра, Лука Јовиќ 60 милиони, Едер Милитао пристигна за 50 милиони, Ферланд Менди беше платен 48 милиони, а Родриго дополнителни 45 милиони евра.

Со купување на Погба, сумата на потрошени пари за засилувања ќе надмине 450 милиони евра, а тоа значи дека „кралевите“ ќе отидат далеку над правилата на финансискиот фер-плеј, па поради тоа ќе мора да продава фудбалери.

Дури шест фудбалери се очекува да заминат од „Сантијаго Бернабеу“, а тоа се Герет Бејл, кој ќе биде продаден за 80 милиони, Иско за 70, Хамес Родригез за 40, Кејлор Навас и Лукас Васкез по 40 милиони и Мариано Диаз е проценет на „само“ 20 милиони евра.