ПСЖ не го толерира Нејмар: Бразилецот доби жестока казна!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец Нејмар беше казнет, откако не присуствуваше на тренинзите во претсезоната.

Поради тоа Нејмар остана без 375.000 евра, кои се договорени за секој фудбалер на ПСЖ на месечно ниво доколку се однесува добро.

Меѓутоа, поради тоа што не се појави на тренинг, Бразилецот месецов нема да добие никаков бонус од управата на парижаните.

Раководството на ПСЖ тие пари ќе ги испрати во хуманитарни цели, за да помогне на најзагрозените луѓе во Париз.

Претходно вакви казни во францускиот шампион добија Серж Орие, Адриен Рабио, Марко Верати и Едисон Кавани, па тоа значи дека Нејмар нема да биде прв кој ќе добие ваква казна.