Томпсон го продолжи договорот со Голден Стејт                                 


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Клеј Томпсон го продолжи договорот со Голден Стејт вориорс, а тоа го потврди поранешниот шампион на неговиот веб-сајт.

Сепак, политиката на клубот е да не се објавуваат детали, па така не е познато на колку години е продолжена соработката, а не се познати ниту финансиските детали.

Тоа што се знае е дека во клубот се двоумеа дали сакаат да ја продолжат соработката со него, зашто во финалната серија доби сериозна повреда, откако ги скина лигаментите на левото колено.

Се претпоставува дека ќе паузира до март следната година, а тоа значи дека ќе пропушти голем дел од сезоната.

Во претходните сезони, Томпсон во просек постигнуваше по 21,5 поени по меч, 2,4 асистенции и 3,8 украдени топки на 34 минути на натпревар.