Зошто Лукаку денес не тренираше со Јунајтед?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед овој период се во Австралија, поточно во градот Перт каде се спремаат за новата сезона.

Со тимот се наоѓа и белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку кој во последно време се почесто се поврзува со трансфер во Интер.

Сепак, Лукаку не присуствуваше на денешниот тренинг на својот тим, па низ медиумите веднаш се појавија шпекулации за негов трансфер.

Од Јунајтед порачаа дека Лукаку и Марсијал имаат мали проблеми со повредите и дека денес тренирале во теретана, односно далеку од објективот на камерите и очите на новинарите. Црвените Ѓаволи во сабота го играат првиот контролен натпревар против Перт Глори и останува да видиме дали Лукаку ќе биде дел од составот.

Инаку англиските медкиуми објавија дека челниците на Интер и Јунајтед вчера имале состанок во Лондон за да го договорат трансферот, а шпекулациите секако додатно ги подрева коментарот на Лукаку кој изјави дека Конте (тренерот на Интер) е најдобар тренер на светот.

„Тоа што Конте го превзеде Интер, мислам дека е одлична вест за клубот. За мене Конте е најдобар тренер на светот“, неодамна изјави Лукаку.