Кошчиелни одби да оди со Арсенал на турнејата во САД, сака да си замине од клубот

Капитенот на Арсенал, Лорен Кошчиелни сака да си замине од редовите на Арсенал во овој преоден рок и одби да се качи во авионот кој со останатите играчи замина на турнејата во САД.

Францускиот фудбалер наводно побарал да добие раскин на договорот, една година пред неговото официјално истекување.

Се верува дека за Кошчиелни има сериозен интерес од неколку клубови од Франција, меѓу кои предничи тој на Бордо.

На адреса на Арсенал стигнале три понуди од француски клубови за Кошчиелни, но истите биле одбиени од клубот од Лондон, нешто што многу го налутило фудбалерот.