Арсенал му прави проблеми на Тотенхем околу играчот на Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Арсенал сериозно се заинтересирани во своите редови да го видат Дани Себаљос од Реал Мадрид.

Себаљос најмногу се поврзуваше со трансфер во Тотенхем, но сега најеминентниот англиски медиум пренесува дека за него интерес има и од градскиот ривал на „петлите“.

И двата клуба сакаат да го донесат Себаљос на едногодишна позајмица, а се верува дека Арсенал има блага предност со оглед на фактот што се предовдени од шпанскиот стратег, Унаи Емери.