Арсенал блиску до договор со ново засилување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Скај Спортс“ пишува дека договорот помеѓу Арсенал и Сент Етјен околу Вилијам Салиба е многу блиску до реализација.

Станува збор за играч кој игра во срцето на одбраната и има солидна сезона зад своето име.

За него Арсенал треба да издвои околу 25 милиони фунти, но интересно е тоа што фудбалерот ќе остане во Сент Етјен уште една сезона како позајмен фудбалер.

Сепак, најновата ситуација поврзана со Лорен Кошчелни би можела да ги натера челниците на клубот да не го пуштат Салиба назад во францускиот тим.