Ди Марцио откри: Интер има алтернатива за Лукаку и Џеко


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ромелу Лукаку и Един Џеко се најголеми желби на Антонио Конте, но досега Интер не успеа да ги обезбеди нивните потписи.

Манчестер јунајтед и Рома се двоумат, а познатиот новинар од Италија, Џанлука Ди Марцио смета дека Интер треба да тргне по алтернативите.

Ди Марцио откри дека Интер како „план Б“ го има Анте Ребиќ, доколку не успеат да ги ангажираат Лукаку и Џеко.

Во моментов, според италијанските медиуми, Интер е поблиску до трансфер на Џеко, отколку на Лукаку.

Интер не сака да се откаже од Џеко, а Рома изгледа како полека да попушта, но и понатаму нема потврда за конечен договор.