На Реал му е исчистен патот до Погба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пoл Погба беше на мета на Јувентус, но торинскиот клубот се откажа од идејата да го донесе ова лето.

Реал и Јувентус беа главните кандидати за доведување на Погба, но сега само Мадридскиот клуб останува во игра, бидејќи во Торино повеќе не се заинтересирани за својот поранешен играч од средниот ред.

Јувентус би сакале да го доведат Погба, но Јунајтед постави цена од 167 милиони евра и го „олади“ тимот од Торино, но Манчестер не сака да се откаже од своите барања.

Оваа сума е огромна и за Реал, но Мадриѓаните нема да се откажат и ќе бараат начин да го купат до почетокот на сезоната.

Се разбира, Реал мора да продаде играчи за да добие можност да го купи Французинот кој неодамна отпатува во Австралија на подготвки со Црвените Ѓаволи.