Интер донесе ново име: Уште едно големо засилување во тимот на Конте (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Интер напорно работат во склопувањето на тимот во пресрет на следната сезона.

Иако се уште не е донесена најголемата желба на Конте, Ромелу Лукаку, од раководството на клубот завршија голема работа ангажирајќи неколку проверени имиња.

Од доцна синоќа и официјално нов фудбалер на „нероазурите“ е Николо Барела, играчот за кого се интересираа голем број клубови.

Барела во Милано доаѓа најпрво на едногодишна позајмица, а потоа Интер ќе мора да го откупи неговиот договор кога ќе биде потпишан петгодишен договор.