„Ако Меси сака да игра со Мартинез, тогаш нека дојде во Интер“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона вчера го претстави Антоан Гризман како ново засилување. Меѓутоа, не е Французинот единствен напаѓач, кој во претходниот период се поврзуваше со Каталонците.

Каталонците беа заинтересирани за Лаутаро Мартинез од Интер, а и Лионел Меси беше импресиониран од неговиот сонародник, што дополнително ги „загреа“ шпекулациите за можниот трансфер во Барселона.

Меѓутоа, агентот на Мартинез, Бето Јаке порача дека тој сигурно нема да го напушти Интер и дека се радува на соработката со новиот тренер Антонио Конте.

„Мартинез нема да го напушти Интер, зашто сака да соработува со Конте. Вистина е, постоеше интерес од Барселона за Мартинез, но доколку Меси толку многу сака да игра со него, тогаш нека дојде во Интер“, порача агентот.