Германците откриваат: Манџукиќ се сели во Бундеслигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марио Манџукиќ се враќа во Германија, кадешто ќе потпише за Баерн Минхен. По четири сезони во Јувентус, на 33-годишна возраст Хрватот ќе потпише договор со германскиот шампион.

Причина за тоа е промената на тренерот, односно заминувањето на Максимилијано алегри, кој го обожаваше Манџукиќ.

На Манџукиќ прва пристапила Борусија Дортмунд, но очигледно Хрватот сака да се пресели во Баерн Минхен, кадешто Ули Хенес го обожава Манџукиќ.

Манџукиќ може да ја смета Германија за втора татковина, зашто таму како дете помина четири години и почна да игра фудбал, а уште толку живееше таму и настапуваше како фудбалер на Волфсбург и Баерн Минхен.

Во тие клубови помина по две години, во период од 2010 до 2014 година.