Ѓорческа и Комардина без многу мака стигнаа до трофеј во Шпанија


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа освои уште еден трофеј во двојки заедно со нејзината колешка Анастасија Комардина.

Ѓорческа и Комардина немаа многу проблеми во финалето во Шпанија, па со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 7-6 за час и половина успеаа да ги совладаат Ванда Лукаш и Нина Штадлер.

Шампионската двојка претходно беше подобра од Роска и Самир со 2-1 во сетови, Буриљо и Гарсија со 2-0 во сетови и Зулета де Реалес и Папамихаил со 2-0 во сетови.

Исто така, Ѓорческа настапуваше и во сингл конкуренција на турнирот во Шпанија, но таму немаше поголем успех, откако во осминафиналето загуби од Папамихаил со 0-2 во сетови.