Семјеството Зидан во жалост: Почина братот на тренерот на Реал Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Братот на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, почина денеска. Фарид Зидан го загуби животот по тешката борба со болеста, а неговиот брат го напушти тренинг-центарот во Монтреал уште вчера за да ги помине последните часови со него.

Откако беше објавена информацијата дека Фарид починал, фудбалерите на реал Мадрид на тренингот одржаа едноминутен молк посветен во негова чест.

Не е познато кога Зидан ќе се врати во екипата, а додека тој е отсутен, тренинзите ќе ги предводи Давид Бетони со помош на остатокот од стручниот штаб.

Исто така, и Лука Зидан, синот на Реал го замоли раководството на Рејсинг Сантандер да замине од подготовките за да остане со семејството во овие тажни моменти.