Ќерките на Михајловиќ испратија емотивна порака: Бог ги дава најтешките битки на најдобрите војници!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Српскиот тренер Синиша Михајловиќ вчера на прес-конференцијата за медиумите соопшти дека боледува од леукемија, поради што ќе мора да ја прекине кариерата на одреден период.

Сепак, поддршка за стратегот пристигнува од сите страни, како и од неговото семејство, односно ќерките Викторија и Вирџинија.

„Бог ги дава најтешките битки на најдобрите војници. Ви благодарам на сите. Ние сме семејство Михајловиќ и познати сме по тоа што откажувањето не е во нашата ДНК“, порача Викторија на Инстаграм.

Претходно поддршка за Србинот пристигна и од Болоња, кадешто спортскиот директор на италијанскиот клуб соопшти дека Михајловиќ останува тренер на клубот.