Азар нема да носи „десетка“: Белгиецот поради лична причина избра нов број!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Марка“ пишува дека Еден Азар донел одлука кој број ќе го носи во Реал Мадрид. Белгиецот ја сакаше „десетката“, која ја носеше во Челси, но Лука Модриќ нема намера да ја остави на својот нов колега.

На крајот, Белгиецот решил да го носи бројот 23, иако уште нема официјална потврда. Азар решил да го земе тој број кој е популарен кај кошаркарите, а тоа го знае и одличниот фудбалер.

Бројот 23 го носеа Мајкл Џордан, а го носи и Леброн Џејмс, но од фудбалерите тој број го носеше Дејвид Бекам.

Во Реал претходно тој број го носеше Серхио Регилон, а тој летово се пресели во Севилја на позајмица, а последното големо засилување на Реал со број 23 беше Иско, па останува да видиме како ќе се покаже Белгиецот во „кралскиот дрес“.