Доктор откри важни детали од здравствената состојба на кошаркарот на Ц. Звезда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По тешката сообраќајка на патот Бања Лука – Приедор и дадената помош во болница, Огњен Кузмиќ бил префрлен со хеликоптер во Белград, а лекувањето ќе го продолжи во Клиничкиот центар во Србија.

Според српските медиуми, докторот Влада Џајиќ е меѓу првите кои се запознале со здравствената состојба на повредените, па откри детали.

„Пациентот се наоѓа на апаратиза вештачко дишење. Направена е неопходната дијагностика и почнат е тераписки третман. Поради сериозноста на здравствената состојба и санирањето на повредите во тек е итно префрлување во Ургентниот центар на Србија“, вели докторот.

Во меѓувреме многу јавни личности и фанови испратија пораки со поддршка за кошаркарот на Црвена Звезда.