Црвена Звезда со соопштение за состојбата на Кузмиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда на својот официјален сајт објави вести за состојбата на Огњен Кузмиќ, кој беше тешко повреден во сообраќајна несреќа во текот на викендот.

Здравствената состојба на Кузмиќ е стабилна, откако дополнителните прегледи покажаа дека нема компликации.

„Кузмиќ и понатаму е во шок-соба на Ургентниот центар во Белград, но по почетните 24 часа, првите знаци се охрабрувачки. За кошаркарот на Црвена Звезда, која е во кома, од приемот во недела се грижи одличен медицински тм. Во понеделник во раните утрински часови Кумзиќ беше детално прегледам, по што беше покажано дека нема дополнителни компликации во повредите на главата“, пишува во соопштението

Клубот и понатаму ќе известува за здравствената состојба на Кузмиќ.