Американците останаа без голема ѕвезда за Мундобаскетот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентациите ширум светот ги почнуваат подготовките за Светското првенство во Кина, а најголем фаворит е тимот на Америка.

Американците ќе настапат во многу силен состав, кој сепак ќе биде ослабен со неиграњето на една од најголемите ѕвезди во НБА-лигата.

Станува збор за Ентони Дејвис, кој сака дополнително да се подготви во Лос Анџелес Лејкерс, за да може да ја нападне титулата во НБА-лигата.

Лејкерс за него во Њу Орлеанс пеликанс прати речиси половина тим. Дејвис трипати беше најдобар во тимот на НБА, а уште шест пати беше на Олстар.

Играше за САД во Лондон во 2012 година, а речиси јасно е дека ќе игра за националниот тим на Олимписките игри во Токио во 2020 година.