Црвена Звезда со ново соопштение за повредениот кошаркар


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Црвена Звезда ги известува постојано фановите за состојбата на кошаркарот Огњен Кузмиќ. По катастрофалната сообраќајна несреќа, која се случи во БиХ, кошаркарот со хеликоптер беше префрлен во Белград на лекување.

Ц. Звезда објави ново соопштение за Кузмиќ, кој не е во животна опасност, но ситуацијата и понатаму е сложена.

„КК Црвена Звезда ја известува јавноста за состојбата на Кузмиќ, кој е подобар во однос на претходниот ден, но и понатаму е сложено. Тој е уште во кома, но неговите бели дробови функционираат делумно. Одлуката на докторскиот тим е да биде опериран утре а да се отстранат сите проблеми поврзани со неговото дишење“, објави Ц. Звезда.