Нема повеќе толеранција: Претседателот на ПСЖ со остра закана до Нејмар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Скај“ утрово објави дека Нејмар имал состанок со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, за да го дефинира својот статус во клубот. Состанокот завршил така што Бразилецот побарал трансфер од Париз.

Бразилецот не открил во кој клуб сака да ја продолжи кариерата, но се шпекулира дека неговото враќање во Барселона е најреално сценарио.

Француските медиуми пишуваат дека претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи му се заканил на Нејмар поради изјавата во едно интервју во кое кажа дека најмил момент во кариерата му е победата на Барселона против ПСЖ.

Наводно, Ал-Келаифи му порачал на Нејмар дека ќе остане на клупата на ПСЖ до 2022 година, ако наскоро не го промени своето неподносливо однесување.