Арсенал на прагот на доведување на три играчи, Емери најави уште неколку „скапи“ засилуваања


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Навивачите на Арсенал уште чекаат управата на овој клуб да доведе вистинско засилување за наредната сезона.

Наводно, работата околу едногодишна позајмица на Дани Себалос е завршена.

Сепак, навивачите, но и самиот тренер на Арсенал, Емери сака уште неколку засилувања и тоа во дефанзивата и во везниот ред.

Кога е во прашање Тиернеи, левиот бек на Селтик, самиот фудбалер сака да премине во Лондон, но проблем прави Селтик, кој постојано ја покачува цената за трансферот.

Освен тоа, наводно и Дани Алвеш се согласил дури и на смалување на платата за да потпише за тимот од Лондон.

Емери исто така најави три или четири големи засилувања до крајот на преодниот рок.

Едно од тие засилувања, како што јавуваат медиумите во Англија е Евертон кој настапува за Гремио, кој би требало да дојде на местото на Заха за кој Кристал Палас бара премногу пари.