„Бомба“ во Милано: Агентот на Модриќ стигнал на преговори!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Агентот на Лука Модриќ, Влада Лемиќ синоќа беше забележан во Милано, кадешто пристигнал да преговара со Милан за услугите на Лука Модриќ.

Состанокот го организирал директор на Милан, Звонимир Бобан. Тие двајца се во одлични односи и доколку постои личност која може да го убеди да го напушти Реал, тоа би било токму тој.

Модриќ е свесен дека Реал сака да прави ремонт и да го подмлади тимот, по катастрофалната сезона, а и самиот не е премногу среќен во Мадрид.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез исто така ќе сака да се ослободи од неговата плата, која изнесува 12,5 милиони евра годишно.

Модриќ има уште една година од договорот, па се претпоставува дека клубот би го пуштил за симболична сума, а тоа би било подобро, отколку бесплатно да го загубат следното лето.