Македонија до 19 години славеше – Еврогол на Емил Абаз


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската репрезентација до 19 години славеше против Кипар во првиот од двата пријателски натпревари на тренинг центарот Петар Милошевски со 2:1.

Кипраните први го отворија резултатот со погодокот на Михалис Харалампус во 34-та минута по грешка на одбраната на македонските фудбалери. Екипата на Јетон Несими доминираше во второто полувреме, а Емил Абаз постигна еврогол за израмнување во 58-ма минута. Во судиското продолжение Дарко Додев постигна фантастичен погодок за победа на македонската репрезентација од 2:1.

По два дена Македонија и Кипар ќе го одиграат вториот пријателски натпревар на тренинг центарот Петар Милошевски од 16:30 часот.