Азар ја советуваше управата на Реал, Ливерпул во големи проблеми


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден Азар во Реал Мадрид стигна како најголемо засилување летово, па освен на теренот, тој ќе биде важен дел и во соблекувалната на тимот.

Секако, претседателот Флорентино Перез сака да ги слушне предлозите на Белгиецот за потенцијални трансфери, а очигледно Азар веќе си најде еден потенцијален соиграч.

Станува збор за Садио Мане, кој исто така е желба на Зинедин Зидан, па според „Дон Балон“ има шанса „кралевите“ да тргнат по неговиот потпис.

Сепак, тешко може да се поверува дека Ливерпул ќе пушти еден од најдобрите фудбалери, меѓутоа засега не е познато колку пари ќе понуди Реал Мадрид и дали тоа ќе ја задоволи управата на клубот од „Енфилд“.