Мекинро порача: Ѓоковиќ ќе биде подобар од Надал и Федерер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот тенисер Џон Мекинро е убеден дека Новак Ѓоковиќ ќе успее да биде подобар од Роџер Федерер и Рафаел Надал според број на освоени гренслем-титули.

По неодамна завршениот Вимблдон на кој Ѓоковиќ успеа да ја освои титулата, повторно почна приказната за тоа колку гренслем-титули има и кој ќе биде најдобар. Во моментов пред Србинот се Рафаел Надал со 18 гренслем-трофеи и Роџер Федерер со 20 освоени.

Сепак, Мекинро смета дека ситуацијата ќе се смени во корист на Србинот и тоа во годините кои ни доаѓаат.

„На крајот, верувам дека Ѓоковиќ ќе има повеќе гренслем-титули од Надал и Федерер. За две-три години мислам дека ќе се случи тоа“, вели Ѓоковиќ.