Ништо од трансферот: Иско почна тренинзи со Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако во претходниот период имаше шпекулации дека Иско ќе го напушти Реал Мадрид, сепак тој се приклучи на екипата на подготвителната турнеја и така стави точка на шпекулациите.

Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан сака да го задржи репрезентативецот на Шпанија, иако нема да прави проблем за да го пушти доколку стигне некоја пристојна понуда.

Иско во претходниот период го поврзуваа со Јувентус, Милан и Манчестер сити. Претходно медиумите пишуваа дека Андреа Пирло неодамна кажал дека Јуве има потреба од фудбалер каков што е Иско.

Сепак, откако не пристигна понуда на „Сантијаго Бернабеу“ за Иско, тоа најверојатно значи дека Шпанецот ќе остане во клубот.