Нејмар откри кој е најдобриот дефанзивец против кого некогаш играл


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилската ѕвезда Нејмар вели дека неговиот најсилен противник во кариерата е Серхио Рамос.

Нејмар играше во Шпанија многу години и за Барселона одигра многу натпревари против Реал Мадрид. Исто така, откако се пресели во ПСЖ, се сретна со Реал во Лигата на шампионите и вели дека за него најтешкиот ривал некогаш бил Рамос.

„Најдобриот ривал против кого некогаш сум играл – Серхио Рамос, тој е фантастичен стопер, а освен тоа постигнува и голови. Тој е многу тежок ривал против кого може да играте “, изјави 27-годишниот напаѓач на ПСЖ.

Како идна голема ѕвезда на светскиот фудбал Нејмар, го гледа тимскиот колега на Рамос, Винициус Јуниор.

„Винициус е многу млад и мислам дека во иднина ќе стане неверојатен фудбалер, тој ќе стане еден од најдобрите, ќе се натпреварува за Златната топка, се надевам дека ќе добие сè што сака. Тој е одличен човек, многу љубезен. Се надевам дека ќе постигне многу во кариерата бидејќи тоа го заслужува.“

Да потсетиме, Нејмар овие денови се врати на тренинг со ПСЖ, а наскоро го очекуваат и први пријателски натпревари во новата сезона.