Работел пред продавница, паднал и починал: Топлотен удар кобен по животот на победник на Суперболот (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


НФЛ-ѕвезда и поранешен освојувач на Суперболот, Мич Петрус почина на 32 години, а според првите информации причината за тоа е топлотен удар.

Американските медиуми пишуваат дека Петрус паднал пред продавницата на своите родители во Литл Рок. Тој бил пренесен во болница истата вечер, кадешто починал. Медиумите пишуваат дека спортистите земаат доволно вода, но и тоа, дека неговото срце престанало да чука затоа што температурата била околу 33 степени, а тој во организмот немал доволно електролити.

Се шпекулира дека таквата состојба доаѓа кога човек долго време е изложен на сонце, а температурата на телото расте побрзо, отколку што може да се олади и одржува во нормални граници.

Петрус во текот на кариерата играше во дресови на Њујорк џајантс и Њу Инглад петриотс, а врвот на кариерата беше во 2012 година кога го освои Суперболот.